ВОВЕД
При објавувањето на текстот од моето прво истражување во врска со ХПВ вакцината насловен како ХПВ вакцината е модерен руски рулет се служев со извори на информации кои се официјално прифатени како меродавни за оние кои ја пропагираат вакцината како корисна, како што се на пример официјалните податоци за пријава на несакани ефекти по вакцинацијата добиени од ВАЕРС системот – кој е државен систем во САД, државни институции како што се Агенцијата за храна и лекови – ФДА, Центарот за контрола и превенција на болести – ЦДЦ, производителот на вакцината Гардасил – фармацевтската компанија Мерк, изјави на стручни лица објавени во медиумите и сл.
Иако најголемиот број од документите кои ги користев ја пропагираат ХПВ вакцината како безбедна и ефикасна и застануваат во нејзина одбрана, се обидов да ги издвојам најкарактеристичните недоследности кои всушност го покажуваат спротивното, а никој од поддржувачите на вакцината не сака ниту да ги чита, ниту да разговара за нив, иако тие податоци стојат во официјалните документи.
Во меѓувреме, истражувајќи подлабоко на таа тема дојдов и до нови сознанија.
Првото големо сознание е дека, како и за многу други работи во медицината и општо во науката, всушност ништо не е докажано и целата приказна се темели на теорија и претпоставки, а потоа целиот случај се гради врз тие претпоставки како да е тоа нешто докажано вистинито. На крај, изведените заклучоци се наметнуваат како догма и секој што ќе се обиде да искаже несогласување се обвинува за ерес.
Второто големо сознание е дека има алтернативни теории, сосема спротивни на официјално пропагираните, кои во најмала рака се барем исто толку веројатни колку и официјалните. Особен впечаток ми остави австралиската новинарка Џенин Робертс, која со децении работи како медицински истражувач, како и научници од редот на Стефан Ланка, Питер Дуисберг, нобеловците Барбара Меклинток, Ото Варбург и други.
Во текстот кој следува се користам со преводи и цитати од нивните дела, делови од официјални документи и објавени материјали во медицински списанија и медицински книги, како и мое лично толкување и поврзување на целиот тој материјал во една целина.
НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ХАРОЛД ЗУР ХАУЗЕН
На 10 декември 2008 година на д-р Харолд Зур Хаузен му беше доделена Нобелова награда за физиологија или медицина за пронаоѓањето на ХП-вирусот и докажувањето на поврзаноста на тој вирус со ракот на грлото на матката.
Меѓутоа, алката што недостасува е всушност неговиот неуспех да најде начин да ги убеди клетките да го произведуваат тој вирус.
ПРАВЕЊЕТО НА ВАКЦИНА ЗА ВИРУС ШТО ГО НЕМА
Вообичаените детски вакцини, како на пример вакцините против заушки, сипаници, рубела и полио, се произведуваат од клеточни култури – затоа што вирусите се продукти на клетките. Но, има нешто што е многу различно во врска со ХПВ вакцината. За разлика од другите вообичаени вакцини, таа не содржи вирус. Во ниту еден момент во производството на вакцината нема вирус. Причината зошто е тоа така е многу едноставна. Досега научниците не успеале да „убедат“ ниту една клеточна култура да го произведе овој вирус, па дури ни култури составени од канцерогени клетки од грлото на матката. Во една изјава од Меѓународната Агенција за Истражување на Канцери се вели дека овој тип на вирус, папилома вирусите (ХПВ), „не може да се размножуваат во клеточна култура“. Засега, се вели дека овие вируси можат да се произведуваат само со „клонирање“, односно да се направат во лабораторија. ХПВ вакцината е продукт на една нова индустрија која не се базира на изолирање на вируси, туку на синтетичко производство преку репродуцирање на кратки генетски кодови за кои се тврди дека доаѓаат од протеини кои некогаш биле дел од надворешната обвивка на вирусот - кој всушност никаде го нема во производството на вакцината.
Многу чувствителни нови тестови, варијанти на лабораториската алатка наречена ПЦР – ланчана реакција на полимерази (PCR – Polymerase Chain Reaction) овозможуваат проучување на многу мали фрагменти на генетски кодови кои може да се најдат во разбиениот клеточен материјал. Во овој случај, она што се бара се фрагменти од кодови за одредени протеински молекули. За нив се верува дека доаѓаат од надворешната обвивка на ХП-вирусот и вакцината е базирана врз производство на овие протеини.
Тие природно се собираат во празни школки „слични на вирус“ и затоа официјално се познати како „честички слични на вирус“. Во производството на вакцина Гардасил (во Македонија под името Силгард) тие честички се ставаат во клетки и се мултиплицираат во квасни клеточни култури. Потоа течноста од таа култура, која ги содржи тие честички, се користи како вакцина. Затоа вакцината содржи многу честички од квасните габички, плус сите адитиви кои ги содржи, па така Гардасил официјално не се препорачува за оние кои се чувствителни на квасец, но и за оние кои се чувствителни и на било која друга состојка во вакцината, а особено аморфен алуминиум хидроксифосфат сулфат, како и полисорбат 80. Но, како ќе знаеме дали некое девојче е алергично на некоја од овие состојки? Претпоставувам дека тоа се дознава дури после примањето на вакцината, ако се јават тешки несакани ефекти.
Понатаму во вакцината се додава алуминиумската состојка како „адјувант“ за да се предизвика нашите имунолошки клетки да произведуваат анти-тела подолго време – иако во последно време има сериозни показатели дека многу луѓе добиваат тешки заболувања заради тој алуминиум. Алуминиумот е во форма на ситни остри кристали кои личат на иглички. Нив нашите имунолошки клетки се обидуваат да ги „изедат“, но не можат. Игличките остануваат заглавени внатре. Затоа и не е чудно што нашите клетки реагираат подолго време на оваа вакцина.
Зошто се мисли дека ХП-вирусот го предизвикува овој тип на рак? Се чини само затоа што д-р Харалд Зур Хаузен пронашол одредени генетски кодови во или во близина на канцерогените клетки во грлото на матката; бидејќи во 90% од случаите, „ДНК и записи од специфични ХПВ типови редовно се детектирани во биопсиите од рак на цервиксот и лезиите кои му претходат“. Тој претпоставил дека овие кодови биле од протеини кои се уникатни за тој вирус. Можеме слободно да кажеме „претпоставил“ бидејќи најголем дел од вирусите сеуште не се проучени, па по некоја логика би било невозможно да тврдиме дека сме сигурни дека одреден протеин е уникатен за било кој вирус. Исто така, тоа што тие протеини се пронајдени во канцерогените клетки не мора да значи дека тие го предизвикале канцерот. Можеби клетките ги произведуваат тие протеини за други цели.
Така, бидејќи вирусот не може да биде размножуван, вакцината се прави од „честички слични на вирус“ произведени од синтетички верзии на протеините за кои се тврди дека се дел од ХП-вирусот. Во реалноста, човечките кожни клетки ги произведуваат овие протеини – но истите тие клетки не ја потврдиле таа нивна способност да го произведуваат ХП-вирусот во лабораторија. Затоа е речиси невозможно да се докаже дека овие протеини доаѓаат од тој вирус.
КАКВА Е НАВИСТИНА УЛОГАТА НА ХПВ?
Буквите „ПВ“ во ХПВ означуваат „папиломавирус“. Папиломавирусот е опишан дека содржи двојна низа на циркуларна 8 кб долга ДНК. До сега, над 70 различни протеини за кои се мисли дека доаѓаат од различни варијанти на овој вирус се пронајдени во човечки ткива, а над 20 кај животните. Изгледа дека тие не се пренесуваат помеѓу животинските видови, односно се карактеристични за одреден домаќин.
Каде се пронајдени генетските кодови идентификувани како папиломавирус? Зур Хаузен не ги пронашол во вируси произведени во клеточни култури, ниту пак во изолирани вируси, туку во човечкиот геном, најзаштитениот дел во нашите клетки. Тој не го пронашол таму целиот код за неговиот вирус, туку само дел од кодот. Тој заклучил од тоа дека вирусот мора да постои и дека сигурно го пренел тој код во нашата клетка. Но овие секвенци тешко се разликуваат од човечката нормална ДНК, бидејќи се чини дека ги има во скоро сите луѓе. ПЦР тестовите покажуваат дека 80% од здравите возрасни жени во САД ги имаат или ги имале овие протеини, што значи дека нивните клетки ги произведуваат, но помалку од 1% од жените заболуваат од рак на грлото на матката, што сугерира дека овие протеини нормално не предизвикуваат рак.
Тогаш, зошто овие протеини биле поврзани со канцерот? Некои ХПВ научници велат дека овие протеини можеби влијаат на еден нормален протеин кој го има во клетките и е познат како п53 кој ни помага во заштитата од канцери. „Протеинот Е6 (за кој се смета дека доаѓа од одредена форма на ХПВ) се врзува со п53 и оваа интеракција резултира со намалување на периодот на полураспаѓање на п53 во клетките“, но ова е во голема мера аргумент изведен од асоцијација. Навистина се чини дека има помалку п53 во случаите каде што овој протеин е присутен, но тоа не докажува дека присуството на протеинот го предизвикува намалувањето на п53.
Тврдењето дека овие протеини се патогени доаѓа после еден експеримент во кој овие протеини (не вирусот) биле „краткотрајно пренесени во ХеЛа клетки“. Клетките кои умреле после тоа биле избројани. Стапката на смртност на тие клетки пораснала за околу 5%. ХеЛа клетките се човечки малигни канцерогени клетки од грлото на матката. Ако тие умреле откако им биле додадени овие протеини, тоа би можело да наговестува зошто нашите клетки ги произведуваат овие протеини кога се загрозени од рак на грлото на матката – се чини многу поверојатно дека го прават тоа за да не заштитат нас преку уништување на канцерогените клетки, а не со нивно предизвикување!
Слично на ова, многу ретровируси изгледа дека имаат силни анти-туморни ефекти. Има сугестии дека клетките ги користат ретровирусните честички за транспортирање на генетските кодови кои оштетените клетки може да ги употребат за да се поправат самите, или пак да предизвикаат апоптоза, односно умирање на оштетените клетки, како што може да се заклучи од овој ХеЛа експеримент.
Сега се поставува прашањето, зошто нашите клетки ги произведуваат ХПВ протеините? Зошто речиси 80% од нас ги имаат, а не добиваат рак? Според списанието US Pharmacist, објавено на 1 септември 2007 година, до возраст од 50 години, околу 80% од жените во САД имаат или имале генитална ХПВ инфекција. Зошто повеќето од нас ги имаат овие протеини, а многу мал процент (1%) добиваат рак?
Се чини дека целиот фокус на истражувањата досега е насочен кон испитувања дали овие протеини можеби предизвикуваат болести, а не кон испитувања дали тие би можеле да бидат корисни за нас на некој начин, како на пример заштита на жените од канцер на грлото на матката.
Во услови кога ХП-вирусот не е изолиран, ниту пак може да се размножува во лабораторија, и не е можно да се докаже самото негово постоење, сметам дека е ризично за здравјето на нашите деца да веруваме дека протеините за кои се тврди дека доаѓаат од тој „вирус“ предизвикуваат рак. Ако се покаже дека се тие протеини насочени кон заштита на жената од канцер на цервиксот, тогаш би било многу контрапродуктивно да се земе вакцина која нашите тела ги тера да произведуваат антитела против овие протеини, затоа што кога тоа би се постигнало, тоа би предизвикало автоимуно заболување, бидејќи нашето тело би се нападнало самото себе.
Во документот објавен на 5 јуни 2007 година во журналот Инфективни фактори и канцер (Infective Agents and Cancer) е објавено истражувањето на Одделот за патологија во болницата Милфорд, Конектикат, САД, во кое се вели дека: „поголемиот број на повеќекратните ХПВ инфекции се привремени, варираат помеѓу различни популации и се под влијание на различните стадиуми на карценогенеза“ и дека „кај 93% од претходно инфицираните жени, истиот вирусен тип не е детектиран при повторниот преглед после 4 менструални циклуси. Просечното времетраење на детектираниот специфичен ХПВ тип кај овие млади жени изнесува 168 денови“. Со други зборови, протеините за кои се верува дека доаѓаат од ХП-вирусот не остануваат исти. Дали причината за тоа е бидејќи во налети напаѓаат различни ХП-вируси , или пак, бидејќи клетките произведуваат различни типови од овие протеини спрема своите потреби?
Во истиот документ понатаму некако незабележано поминува еден многу интересен факт: „Количината на вирусниот материјал не е корисен параметар за предвидување на посериозни површински епителни лезии – кај кои количината на вирусна ДНК е помала отколку кај понесериозните лезии“. Со други зборови, кај посериозните лезии има помалку „вирусен“ материјал, а кај понесериозните има повеќе „вирусен“ материјал. Официјален заклучок: Не е корисен параметар?? Зарем никој не помислил дека, ако нашите клетки ги произведуваат тие „вирусни материјали“ за да се борат против канцерот, логично е дека во лезиите кои лесно заздравуваат би имало поголема количина на таков материјал – кој ја спречува и ја победува болеста. Кај посериозните лезии таков материјал има се помалку, затоа што клетките ја губат битката со канцерот и веќе не можат да произведуваат доволна количина од таа материја. Ако тој материјал доаѓа од вирус кој ги напаѓа клетките и предизвикува рак, зарем не е логично дека во посериозните лезии би требало да има повеќе од тој материјал, а не помалку?
Уште еден важен дел во оваа сложувалка пополнува еден текст во една од најавторитетните медицински книги за канцери со наслов Рак:Принципи и пракса на онкологијата (Cancer: Principles and Practice of Oncology), шесто издание, втор том, на страна 1523, во кој се вели дека „ХПВ инфекцијата не е доволна да предизвика карценогенеза на грлото на матката“ што е сосема логичен заклучок, затоа што кога ХПВ инфекцијата би била доволна да ја предизвика таа болест – 80% од жените би ја добиле. Понатаму се вели: „Во најголемиот број на истражувања, ХПВ статусот не беше значаен независен прогнозер на исходот кај пациентите со рак на грлото на матката; меѓутоа, се чини постои тренд ХПВ-негативните тумори да завршуваат полошо.....оние тумори кои содржат ХПВ ДНК се обично тумори во рана фаза и од понизок степен“. Ова сугерира дека туморите без ХПВ завршуваат полошо. Зарем од ова не можеме да изведеме логичен заклучок дека нашите клетки го произведуваат протеинот (кој се идентификува со ХПВ) за да се заштити од болеста; при победата над болеста концентрацијата на тој протеин е најголема; но, за жал, кога клетките ја губат битката со канцерот тој протеин се намалува и кога канцерот веќе победил тие протеини веќе воопшто ги нема – што го прави речиси невозможно излекувањето на канцерот? Инаку, ко-уредници на книгата се, меѓу другите, д-р Стивен Розенберг - шеф на хирургија во Националниот Институт за Канцер и д-р Винсент ДеВита – поранешен претседател на Националниот Институт за Канцер.
Во еден заеднички истражувачки научен труд, професорот Питер Дуисберг (Peter H. Duesberg), објави дека „ниту една подгрупа на вирусна ДНК не е конзистентно пронајдена или изразена во ХБВ-позитивните тумори (ХБВ – хепатитис Б вирус). Само 11 – 19% од туморите кај ХБВ позитивните пациенти покажуваат некои вирусни антигени, во споредба со 26 – 61% кај кои вирусни антигени се појавуваат во околните неканцерозни ткива“. Дали би можело ова да се објасни со можноста дека овие протеини се таму за да заштитат, а не да предизвикаат рак?
(Питер Х. Дуисберг е член на Американската Академија на Науки, професор по молекуларна и клеточна биологија на Калифорнискиот Универзитет и еден од најпознатите научници на тоа поле во светот. Познат е како научник кој го идентификувал првиот вистински вирусен онкоген кај птиците, но и како научник кој тврди дека ХИВ вирусот е сосема безопасен и дека не е предизвикувач на болеста СИДА.)
Исто така вреди да се разгледа и едно истражување направено во САД во текот на 2003-2004 година чии резултати беа објавени во осмиот број на авторитетното медицинско списание ЈАМА (Журнал на Американската Медицинска Асоцијација) од 28 февруари 2007 година, под наслов Распространетоста на ХПВ инфекцијата кај женската популација во САД. Еве ги резултатите табеларно:
Возраст Распространетост
14 – 19 24.5%
20 – 24 44.8%
25 – 29 27.4%
30 – 39 27.5%
40 – 49 25.2%
50 – 59 19.6%
14 – 59 26.8%
Како што можете да забележите, распространетоста на ХПВ инфекцијата се намалува со зголемувањето на возраста. А сепак, инцидентноста на ракот на грлото на матката е најголема на просечна возраст од 48 години, додека смртноста од таа болест е најголема во возрасната група од 65 – 69 години! Значи, колку е помала присутноста на ХПВ протеинот, толку е поприсутен канцерот и толку е помала способноста да се победи болеста! Зарем тоа не покажува дека можеби тој протеин кој е етикетиран како „вирусен“ е всушност производ на нашето тело кој заштитува од рак?
Особено интересен факт кој понатаму е прикажан во истиот документ е дека „високоризичните фактори“ содржани во ХПВ вакцината, ХПВ-16 и ХПВ-18 биле пронајдени само кај мал број од жените, или поточно ХПВ-16 бил пронајден кај 1.5%, а ХПВ-18 кај 0.8%.
Документот завршува со заклучок дека „распространетоста на ХПВ типовите содржани во ХПВ вакцината е релативно ниска“.
ШТО Е ТОГАШ ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА ОВИЕ КАНЦЕРИ?
На 1 септември 2007 година Чикашкиот Универзитет објави научен труд во списанието US Pharmacist, спонзориран од Мерк (производител на вакцината Гардасил), насловен како „Вакцинирање на младите жени против хуман папилома вирусот“ во кој пишува дека: „ Самата ХПВ инфекција не е доволна да предизвика рак на грлото на матката. Очигледно постојат други виролошки кофактори, како и кофактори во врска со домаќинот (носителот) и околината, кои влијаат на ризикот ХПВ инфекцијата да прогресира во рак на грлото на матката. Фактори кои би можеле да влијаат врз прогресијата на ХПВ инфекцијата во рак на грлото на матката вклучуваат имуносупресија, пушење, како и истовремена инфекција со вирусот херпекс симплекс или кламидиа трахоматис“. (Бактеријата кламидиа трахоматис се смета за патоген кај луѓето и еден од главните фактори кои предизвикуваат воспаленија на ткивата во грлото на матката познати како цервиситис).
Во истиот труд исто така се вели: „Долгиот латентен период помеѓу примарната инфекција и појавата на рак сугерира дека во процесот на развивање на туморот се вклучени дополнителни фактори: сексуалното однесување, имунолошката состојба, генетските предиспозиции, исхраната, користењето на тутун, социјално-економската состојба.“
Според Меѓународната Aгенција за истражување на канцери, „Влијанието на хемиски или физички канцерогени материи врз прогресијата на лезии предизвикани од папилома вирус е документирано во голем број студии“.
Зошто не е така лесно ХПВ да се обвини за предизвикување на рак? Затоа што, од претпоставеното инфицирање со вирусот до развивање на ракот минуваат децении и тешко е да се најде причинско-последична врска.
Тогаш што е главната причина за ракот на грлото на матката? Дали се тоа кофакторите, или пак овие кодови и протеини? Изгледа дека е поверојатно тоа да се кофакторите, особено токсините, бидејќи различни токсини се поврзуваат како главни фактори кај други човечки канцери, како на пример азбестот кај месотелиомата или пак тутунот кај ракот на белите дробови. Во медицинскиот журнал Епидемиологија на канцери, Биомаркери&Превенција (Cancer Epidemiology, Biomarkers&Prevention) во 2002 година беа објавени резултатите од едно истражување во Јута, САД, според кои жените кои пушеле имале 3.5 пати поголем ризик да развијат рак на грлото на матката отколку жените кои многу малку биле изложени на чад од цигари. Исто така, жените кои практикувале исхрана богата со зеленчук имале двојно помал ризик да заболат од таа болест.
Има показатели дека долготрајното користење на женски продукти за лична хигиена направени врз база на хемикалии би можело да ја промени нормалната бактериска околина во матката која ја заштитува, што потоа предизвикува предканцерозни лезии. Промивањето (клистирот) кое се користи со намера да се уништат штетните бактерии на тој начин би можело да ги оштети клетките. Токсините се акумулираат во телесните ткива и после долго време би можеле да достигнат некое критично ниво.
Кога се барале фактори кои предизвикуваат рак на грлото на матката, било забележано дека кај калуѓерките таа болест била многу поретка отколку кај проститутките и според тоа бил изведен заклучок дека веројатно се работи за сексуално пренослив ХП-вирус кој ја предизвикува таа болест. За заклучок со таква тежина се зема само еден момент од животот на калуѓерките – отсуството на сексуална активност. Меѓутоа, да ги погледнеме другите моменти во животот на калуѓерките: тие обично живеат во манастири кои се наоѓаат во издвоени предели, претежно планински. Значи, живеат во незагадена околина и дишат чист воздух. Голем дел од времето минуваат во молитви и се посветуваат на душевниот мир. Значи, нема стресови. Храната што ја јадат е поздрава отколку онаа што се користи во населените места. Со постење го прочистуваат своето тело. Не користат хемиски средства за контрацепција, ниту хемиски средства за одржување на генитална хигиена. Да го завршам списокот со фактот дека калуѓерките не пушат цигари. Зарем можеме да ги занемариме сите овие фактори на здраво живеење и да веруваме дека сексуално пренослив ХП-вирус предизвикува рак?
Ќе се запрашаме дали ХПВ вакцината ќе ни ги намали шансите да го добиеме овој вид на канцер? Ако ХП-вирусот е присутен кај мнозинството жени (80%), а многу мал број од нив добиваат канцер (помалку од 1%), се чини неверојатно тој вирус да е причината за тоа. Ако се главни причини „кофакторите“, тогаш вакцината не може да ни овозможи имунитет. А бидејќи тој канцер се развива во временски период од 10 – 60 години, ќе треба исто толку време за да се покаже дали вакцината навистина делува.
НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД ХПВ ВАКЦИНАТА
Во текстот ХПВ вакцината е модерен руски рулет опширно ги опишав несаканите ефекти од вакцината Гардасил, но во тој момент не бев запознаен со еден многу важен описен документ од 18 мај 2006 година доставен од Мерк до ФДА, во кој, меѓу другото, табеларно е прикажана ефикасноста на ХПВ вакцината кај жените кои претходно биле ПЦР позитивни и серопозитивни на некој од четирите релевантни ХПВ типови од вакцината, по студиски групи. Во конечниот опис на вакцината (кој сега е составен дел на вакцината) производителот признава дека вакцината нема ефикасност кај оние жени кои претходно биле инфицирани со соодветниот тип на ХПВ 6, 11, 16 или 18. Меѓутоа, го прикрива фактот прикажан во гореспомнатиот документ дека вакцината, во студиската група 013, кај жените кои веќе биле инфицирани со некој од релевантните ХПВ типови од кои вакцината нуди заштита, ризикот да развијат претканцерогени лезии на грлото на матката се зголемил за 44.6%, односно за толкав процент бил зголемен бројот на жените кои развиле сериозни претканцерозни лезии. Бидејќи во други студиски групи тој процент бил помал, донесен е заклучок дека во таа група жените имале повеќе ризични фактори кои допринеле за зголемениот ризик, и дека во таквите случаи вакцината нема ефикасност.
Ова би можело да биде индикатор дека со инјективното додавање на овие синтетички протеини се пореметува природниот процес преку кој човечкото тело се заштитува од овие лезии.
Се разбира, никој не проверува дали некоја девојка ги има овие протеини пред да ја прими вакцината, па со тоа се ставаат во опасност оние кои се вакцинираат, а претходно не се тестирани за тие протеини.
Компанијата Мерк поднесе барање до ФДА за одобрение да ја понуди на пазарот ХПВ вакцината Гардасил и за жени на возраст од 27 – 45 години. На 25 јуни 2008 година ФДА го одби нивното барање.
Претходно, д-р Диана Харпер, која беше една од главните истражувачи во клиничките тестирања за безбедноста и ефикасноста на вакцината, на 7 мај 2008 година на телевизија ЦБС (CBS TV) рече дека воведувањето на вакцината како задолжителна е погрешно, бидејќи „вакцината не е доволно долго време користена за да можеме да ги набљудуваме ефектите после воведувањето на широкиот пазар за да можеме вистински да разбериме какви ќе бидат потенцијалните несакани ефекти“.
ИЗБОРОТ ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА
Ако целата приказна за ХП-вирусот и ХПВ вакцината се темели на една сомнителна теорија и е изведена без никакви докази и без никакво разбирање на процесите за кои се тврди дека се случуваат од инфицирањето до развивањето на болеста, се поставува прашање дали има нешто повеќе во изборот на д-р Хаузен за Нобелова награда? Дали моќните фармацевтски компании кои имаат финансиски интерес бајката за ХПВ вакцината да стане вистина извршиле влијание при изборот? Според интервјуто објавено во канадскиот весник Стар, обвинителот на антикорупциската комисија во Шведска, Нилс-Ерик Шулц, започнал кривична истрага поради обвинувањата дека „Астра Зенека“, фармацевтска компанија која финансиски учествува во процесите за Нобеловата награда, извршила влијание при тој избор. Во прашање се двајца професори кои учествуваат во номинирањето и доделувањето на Нобеловата награда за медицина. Бо Ангелин, член на Нобеловото Собрание, е истовремено во бордот на директори на Астра Зенека со годишен хонорар од 50.000 долари, додека претседателот на Нобеловиот Комитет, Бертил Фредхолм, како консултант бил на платен список на „АстраЗенека“ до 2006 година. Каде е тука поврзаноста и финансискиот интерес? Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ има патентирано состојки во ХПВ вакцината и тој патент им носи милиони долари профит годишно на име патентирани права од продадените ХПВ вакцини Гардасил (во Македонија под името Силгард) и Церварикс, произведувани од „Мерк“ и „Глаксо“.
Сепак, после десетгодишна потрага по фантомскиот ХПВ од страна на Зур Хаузен и после милиони долари потрошени во обиди да се докаже дека ХПВ е причина за ракот на грлото на матката, повеќето од научниците кои работат на ова поле морале да заклучат дека ХП-вирусот не може самиот да биде предизвикувач на таа болест. Затоа морале причините да ги бараат во токсини или други фактори кои го започнуваат создавањето на канцерите.
ДАЛИ СЕ ВИРУСИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ ИЛИ ПРИЈАТЕЛИ НА ЧОВЕКОТ?
Последните години многу научници во светот ги оспоруваат тврдењата на поголемиот дел од научната јавност дека вирусите се непријатели на човекот. Д-р Питер Дуисберг, кого преходно го спомнав, тврди дека најголем дел од вирусите се безопасни. Други научници пак, не се убедени воопшто во постоењето на вирусите. Германскиот вирусолог и молекуларен биолог д-р Стефан Ланка, изјавува дека ниту еден медицински релевантен вирус досега не бил изолиран; па според тоа нема ни доказ за нивното постоење. Цитирам дел од едно негово интервју: „Затоа долго време ја проучував вирусологијата, од крајот до почетокот, од почетокот до крајот, за да бидам сигурен дека нема такво нешто како ХИВ. А за мене беше лесно да бидам сигурен во тоа бидејќи сфатив дека целата група вируси на која ХИВ се верува дека припаѓа, ретровирусите – како и други вируси за кои се тврди дека се опасни – всушност воопшто не постојат.“ Иако тој во неколку наврати барал од властите во Германија, никогаш не добил веродостоен доказ за постоењето на вируси кои предизвикуваат болести па да има потреба од „имунизација“. Тој исто така коментира фотографии од електронски микроскоп кои наводно прикажуваат различни вируси. За фотографиите во боја вели дека е очигледно дека се дело на компјутерски дизајнери, затоа што електронскиот микроскоп прави само црно-бели фотографии. Авторите на фотографии кои наводно прикажуваат вирус немаат прикажано публикација која би опишувала како и од што вирусот бил изолиран. Не е објавена биохемиска карактеризација за некои вируси за кои „се тврди“ дека се изолирани. За повеќето фотографии никој не тврди дека се работи за изолирани честички, а камо ли дека се тоа честички изолирани од човечки ткива. Многу фотографии прикажуваат клетка и честички со различна големина и форма, што не би можело да бидат вируси, бидејќи вирусите од ист вид би требало да бидат секогаш со иста големина и иста форма (конзистентност). Според д-р Стефан Ланка, тие честички за кои се тврди дека се вируси, се всушност типични ендогени честички кои се производ на клетката и служат за внатрешен транспорт во клетката и за меѓуклеточен транспорт.
Овие негови тврдења можат да најдат поткрепа и во работата на некои други научници. Една извонредна жена, научник - биолог, Барбара Меклинток (Barbara McClintok) е една од првите научници кои ја опишале интелигенцијата на клетката. Таа тврдела дека клетките со интелигенција одговараат спрема околината и донесуваат „паметни“ одлуки. Објаснувала дека геномот може да се реорганизира кога е соочен со тешкотија за која не е подготвен, дека клетките можат да почувствуваат кога во нивното јадро има оштетени хромозоми со искинати краеви и тогаш активира механизам кој ќе ги приближи и ќе ги состави. Така клетките имаат „чувство“ за се што се случува внатре во нив. Во иднина вниманието ќе биде насочено кон геномот со поголемо почитување на неговата важност како многу чувствителен орган на клетката кој ги надгледува геномските активности, ги поправа грешките, ги чувствува необичните и неочекуваните настани и реагира соодветно, честопати со реструктурирање на геномот.
Откако поголемиот дел од својата кариера Барбара Меклинток го поминала исмевана и потценувана, па потоа негирана од колегите научници, во својата длабока старост, на возраст од 81 година, во 1983 година доби Нобелова награда за физиологија или медицина за нејзиното откритие на мобилните генетски елементи – транспозоните – кои претставуваат секвенци на ДНК кои се движат низ геномот на клетката при што може да предизвикаат мутации и да ја променат количината на ДНК во геномот.
Човечките клетки постојано произведуваат и голем број на помали транспортни честички во вид на меурчиња-весикули кои служат за складирање и разнесување на материи, како и за дигестија на клеточните продукти и на отпадниот материјал. Експериментално е докажано дека тие честички содржат и ДНК. По описот и функцијата што ја имаат, како и според големината (40-150 нм), се слични на вирусите. Последните неколку години многу научници и биолози ваквите честички кои патуваат помеѓу клетките ги нарекуваат со еден релативно нов термин „егзозомни весикули“, избегнувајќи по автоматизам да ги нарекуваат „вируси“. Дури и Националниот институт за здравје, кој претставува агенција за медицински истражувања и е дел од Министерството за здравје на САД, има објавено дека „ретровирусите многу наликуваат на клеточните мРНК весикули“ кои служат за транспорт на информации за потребите на клетките.
За фундаменталните истражувања и објаснувањата на начинот на кој информациите складирани во гените се копираат и се пренесуваат до деловите од клетките кои произведуваат протеини, преку транскрипција на ДНК секвенци во мРНК (весикули) секвенци, во 2006 година Роџер Д. Корнберг доби Нобелова награда за хемија.
Џејмс Шапиро (James A. Shapiro), професор на одделот за биохемија и молекуларна биологија при Универзитетот во Чикаго, познат по неговите истражувања во врска со начините на кои организмите активно го реструктуираат нивниот генетски материјал како одговор на стресови од околината, вели дека со молекуларна анализа се потврдени револуционерните откритија на Барбара Меклинток на внатрешните системи за поправка и реструктурирање на геномот. Понатаму додава дека „Таквите системи за поправка не завршуваат во границите на клетката кај повеќеклеточните организми, туку се прошируваат на целиот организам. Клетките произведуваат стотици одбрамбени весикули секогаш кога се предизвикани, како одговор на сигналите за опасност“. Понатаму вели дека овие вируси или честички помагаат во активирањето на нашите Т-клетки така што се спојуваат со нив – а тоа може да биде протолкувано како вирусна инфекција.
Сознанијата на нобеловката Барбара Меклинток се во спротивност со механистичките ставови на многу студии во полето на вирусологијата според кои клетката се опишува како пасивна жртва нападната од итриот, агресивен вирус кој својата ДНК или РНК ја вбризгува во геномот на човечката клетка, го користи механизмот на нашиот геном за да се реплицира и на крајот ја уништува клетката која му овозможила да се размножи. Тоа некако многу личи на научна фантастика. Во реалноста можеби се случува нешто сосема спротивно. Ако клетката е интелигентна и со внимание и паметно одговара на дразбите од околината, можеби со намера го користи вирусот за да изврши свои потреби, било да е тоа размена на информации и материи во и помеѓу клетките, или пак исфрлање на непотребни или штетни материи. Да не заборавиме, според описот на вирусите, тоа се честички составени од ДНК или РНК обвиткани со протеинска обвивка и всушност не се живи организми затоа што немаат метаболизам, не можат да произведуваат енергија, ниту да се хранат. Немаат нервен систем, немаат сензорен систем и немаат интелигенција. Зошто тогаш би било поверојатно една таква честичка, која не е жива и е милион пати помала, дека ја „измамува“ и уништува клетката, која е жив и интелигентен организам и има способност сама да се поправа, отколку идејата дека клетката го користи вирусот за наши потреби? Зошто на вирусите би им придавале особина дека го имаат истиот инстинкт за преживување како и клетката? Зарем не е персонификација кога на неживите честички–вирусите им се придаваат особини кои ги имаат живите суштества: итрина, интелигенција, агресивност, користољубие, суровост? Бидејќи се верува дека вирусите носат маркери кои им овозможуваат на клетките да ги препознаат, не ли е поверојатно дека клетките активно ги привлекуваат вирусите затоа што им требаат информациите што тие ги носат?
Комуницирањето на клетките меѓу себе е неопходно за да може организмот да функционира како единствена целина, како перфектна машина. Тоа меѓусебно комуницирање е процес кој се одвива во секој момент од нашиот живот, и тоа без било каква свесна контрола. Често сме сведоци на такви примери во секојдневниот живот. Што се случува ако се изгребеме или пресечеме на раката? Навира крв и формира заштитна кора која нас не заштитува од разни микроорганизми додека под неа ткивото се залечува. Се случува процес кој ние сеуште не можеме да го објасниме. Клетките ја препознаваат потребата дека треба да растат и да се делат за да ја пополнат раната. Ако има оштетени крвни садови растат нови за да го пополнат нивното место. Се случува канцеровиден процес на клеточно ниво, но веднаш по завршената поправка клетките „знаат“ дека треба да престанат со делењето, во спротивно би настанал канцер. Неверојатно звучи самиот факт дека ние воопшто свесно не влијаеме на тој процес на оздравување. Не им кажуваме на клетките кога да почнат да се делат, ниту кога да престанат. Тоа е процес кој продолжува и кога спиеме. Организмот има способност сам да се лечи. А болестите настануваат заради тоа што поради неприродни животни навики, лоша исхрана, изложеност на стресови, токсини и слично, го попречуваме процесот на самоизлекување на нашето тело. Тежнееме да ги лекуваме симптомите, а не вистинските причини за болеста. Лично верувам дека, како што кашлицата и температурата се само симптоми – а не болести, вирусите за кои се мисли дека предизвикуваат болести, како на пример ХПВ, вирусот на грипот и слично, се само симптоми кои се последица, а не причина за болестите.
Ако не ги препознаеме вистинските непријатели, заради човечката воинственост и арогантност лесно може да се случи да ја исечеме гранката на која седиме уништувајќи ги своите пријатели. Така, сакајќи да ги уништиме „вирусите“ би можеле да ја попречиме нормалната комуникација на клетките, што директно води до тешки заболувања, како што се канцерите.
КАКО НАСТАНУВААТ КАНЦЕРИТЕ?
Германскиот научник Ото Варбург го истражувал метаболизмот на туморите и респирацијата на клетките, особено канцерозните клетки и во 1931 година доби Нобелова награда за физиологија или медицина за „откритието за природата и начинот на делување на респираторниот ензим“. Во 1944 година Варбург беше по вторпат номиниран за Нобелова награда за неговото истражување на никотинамидот, механизмот и ензимите кои учествуваат во ферментацијата, и откривањето на флавинот.
Хипотезата на Варбург била дека канцерите се предизвикани од фактот што канцерозните клетки произведуваат енергија преку разложување на гликозата без присуство на кислород (анаеробно). Спротивно на тоа, здравите клетки произведуваат енергија аеробно, со оксидативно разложување на пируватната киселина – крајниот производ на гликолизата, и се оксидира во митохондријата. Оттаму, според д-р Ото Варбург, канцерот треба да се толкува како дисфункционалност на митохондријата. Во едно негово предавање истакнал: „Канцерот, повеќе од било која друга болест, има безброј секундарни причини. Но, дури и за канцерот, има само една примарна причина. Сумирано во неколку зборови, примарната причина за канцерот е замената на респирацијата на кислород во нормалните телесни клетки со ферментација на шеќер“.
Концептот дека канцерозните клетки преминуваат во анаеробен начин на производство на енергија е воглавно прифатен, иако на тоа не се гледа како на „причина“ за канцерот. Причините зошто всушност настанува прекин на доставувањето на кислород до клетките, при што некои клетки умираат, а некои успеваат да преживеат така што во недостаток на кислород продолжуваат да произведуваат енергија со ферментација – и стануваат канцерозни, сеуште се нејасни и дискутабилни.
Теоријата дека ХП-вирусот, кој не е жив организам и е милион пати помал од клетката, предизвикува таква дисфункционалност на клетката, е едноставно неверојатна. За мене се многу поверојатни теориите дека клетките стануваат канцерозни тогаш кога во ткивото ќе се натрупаат токсични, канцерогени материи, или кога крвта не го разнесува кислородот до сите клетки – што исто така може да настане заради загаденост со токсични или радиоактивни материи.
Ото Варбург исто така пишувал за поврзаноста на кислородот со пХ вредноста на внатрешната околина на канцерозните клетки. Според неговите истражувања, бидејќи ферментацијата е главен начин на метаболизам кај канцерозните клетки, тие одржуваат пониска пХ вредност, околу 6.0, заради производството на млечна киселина и зголеменото ниво на јаглерод диоксид. Варбург бил убеден дека пХ вредноста е директно поврзана со кислородот. Повисока пХ вредност значи повисока концентрација на кислородни молекули, додека пониска пХ вредност значи помала концентрација на кислород.
Кога овие негови идеи не биле прифатени, Варбург цитирал еден афоризам кој вели дека напредокот во науката не доаѓа затоа што научниците го менуваат своето мислење, туку затоа што научниците кои се приврзани на своите погрешни ставови умираат, па наместо нив доаѓаат нови. Варбург искажал разочараност заради „пронаоѓањето“ на канцерогени вируси, затоа што сметал дека со тоа се попречуваат неопходните превентивни мерки и дека тоа директно носи одговорност за канцерогените заболувања.
Во неговите позрели години од животот д-р Ото Варбург бил „прогласен“ за ексцентрик затоа што бил убеден дека болеста е резултат на загадувањето. Јадел само органски леб произведен на негова земја, органски путер, во ресторан порачувал само зовриена вода и правел чај кој го носел со себе. Верувал дека превенцијата и лекувањето на канцерот треба да биде на природен начин. Кога д-р Џозеф Иселс бил уапсен и осуден заради неконвенционалните, алтернативни третмани кои ги применувал во лекувањето на ракот, Варбург се понудил да сведочи во негова полза во жалбата до Германскиот Врховен Суд. Сите претходно донесени пресуди биле отфрлени.
ЗАКЛУЧОК
Во основното биолошко образование, иако на некој начин се спомнува, сепак недоволно се потенцира симбиозата меѓу живите организми која го овозможува и го одржува животот таков каков што е. Во тој контекст, би рекол малкумина знаат дека човечкото тело е составено од околу сто илјади милијарди клетки, во кои постојано се присутни околу еден милион милијарди бактерии! Значи, на секоја човечка клетка има околу 10 бактерии. Сепак, тие бактерии не го разболуваат и не го уништуваат човекот. Напротив, имаат одредена улога во метаболизмот, помагаат во разложувањето на храната, ја одржуваат влажноста на кожата и извршуваат уште многу други познати и непознати функции, меѓу кои и функцијата на „чистачи“. Имено, кога човечките клетки изумираат (од различни причини), одредени бактерии го „јадат“ отпадот кој мора некако да се исфрли од телото.
Сепак, во некои случаи кога бактериите имаат изобилство од „храна“, може да се размножат премногу и да создадат здравствени проблеми. Исто така, се чини дека реално постојат патогени бактерии, паразити и други видови на патогени микроорганизми, кон чие истражување би требало да се насочат напорите повеќе отколку кон борбата со вирусите – за кои се чини дека се дел од одбрамбениот систем на организмот, само симптом на болестите, а не нивни предизвикувачи.
Според мое мислење, заштитата која ХПВ вакцината ја нуди од ХПВ типовите 6, 11, 16 и 18, би можела да биде најголемата медицинска измама досега. Имено, ако тие протеини не се предизвикувачи на болеста и ако човечкото тело ги произведува за да се заштити од ракот, какви ефекти би имал стекнатиот имунитет спрема нив? При закана од канцер телото не би можело веќе да ги произведува протеините кои му требаат за да се заштити и веројатно ќе се обиде да се заштити произведувајќи други протеини, што би можело да биде протолкувано како напад од други ХПВ типови за кои вакцината не дава заштита. Земајќи го во предвид фактот дека истата „ХПВ инфекција“ не останува присутна цело време, а во најголем број канцери на цервиксот се пронајдени протеини кои се поврзуваат со ХПВ 16 и 18, би можело да се претпостави дека тие протеини се крајното средство за заштита од канцерот. Со вакцинацијата всушност би ја ослабеле последната линија на нашата одбрана што би довело до поголема смртност од оваа болест отколку што е сега.
Погоре изнесеното би можело да го објасни фактот кој е добро познат во гинеколошката пракса, дека претканцерозните лезии и канцерите на цервиксот кај кои не е пронајдено присуство на „ХП-вирус“ многу потешко се лечат и се со полоши прогнози отколку оние кај кои тие протеини се присутни.
Тоа исто така би можело да го објасни и тврдењето на производителот дека вакцината делува само профилактички, но не и терапевтски, односно дека ако пациентот претодно имал присуство на протеин кој се содржи во вакцината (ХПВ 6, 11, 16 или 18) „инфекцијата нема да биде исчистена“. Не е лесно преку вакцина да се натера човечкото тело да развие имунитет против протеин кој во моментот го произведува заради самозаштита. Можеби тоа го објаснува и фактот зошто кај пациентите кај кои претходно имало присуство на некој од протеините што ги содржи вакцината се развиле за 44% повеќе случаи на претканцерозни лезии.
Верувам дека клиничките испитувања за ефикасноста на вакцината се исконструирани, внимателно контролирани и планирани, со цел да се наведе и стручната и широката јавност на верување дека вирус кој доаѓа однадвор и е сексуално пренослив ги напаѓа луѓето и дека вакцината ефикасно ќе не заштити од тој вирус. Ако после 30 или 40 години статистиката покаже дека болеста не е намалена, наместо вистинските канцерогени предизвикувачи повторно ќе бидат обвинети нашите невидливи непријатели, „другите типови на ХП-вирусите“ од кои вакцината не не заштитила. И тоа би одело така во недоглед, се додека има „ХПВ верници“ и се додека луѓето не успеат да го идентификуваат вистинскиот канцероген непријател.
По бомбардирањето на Косово со ураниумски бомби, на целиот наш регион добивме канцероген кој „ќе ни прави друштво“ уште најмалку 1,000 години, па затоа не можеме да очекуваме дека со вакцинација ќе се намали бројот на канцери во нашата држава.
Во интерес на вистината, авторот на овој текст е спремен да биде подложен на „заразување“ со ХП-вирус. Намерното заразување на моето тело со таков изолиран ХП-вирус би го докажало неговото постоење и би докажало дека е значаен фактор во предизвикувањето на болест. Се разбира, после заразувањето би требало да се докаже постоењето на тој вирус во моето тело и болеста предизвикана од него. Во отсуство на тој доказ, за мене лично останува многу поверојатно верувањето дека не постои никаков патоген ХП-вирус и дека протеините идентификувани како дел од ХПВ се производ на нашите клетки со единствена цел да заштитат од канцер.
И НА КРАЈОТ...
Кога сите верувале дека сонцето се врти околу земјата, Галилео бил прогонуван бидејќи се дрзнал да се спротивстави на догматичното учење на црквата во тоа време. Ја шокирал јавноста со неговото тврдење дека всушност земјата се врти околу сонцето, што било сосема спротивно од она во што сите верувале. Денес сите ја прифаќаат Галилеовата вистина.
Речиси сите нови идеи на почетокот биле исмевани. Ќе има многу скептици кои ќе се потсмеваат на идеите кои ги изложив во овој текст. Но, би сакал да потсетам на една мудрост искажана од еден познат германски филозоф од 18-тиот век, Артур Шопенхауер, кој рекол дека „Секоја новооткриена вистина мора да помине низ три фази“:
Најпрво, ќе биде исмејувана.
Потоа, жестоко ќе биде напаѓана.
На крајот, ќе биде прифатена како очигледна.
Автор: Петар Лазов